Како бомба одекна веста дека младиот српски лев бек Милош Керкез синоќа потпиша за Милан, а сега во српските медиуми главна вест е дека 17-годишниот играч кој настапуваше за Ѓер сака да игра за репрезентацијата на Унгарија.
Тинејџерот е роден во Врбас, Србија, како дете играше за Хајдук Кула, а потоа како 14-годишен замина во унгарскиот второлигаш Ѓер. Неговиот татко Себастијан е благодарен на Ѓер што му дал шанса да се докаже и потврди дека во семејството едногласна била одлуката Керкез да игра за Унгарија, а не за Србија.
Интересно е што Керкез бил навивач на Јувентус, но сега ситуацијата ќе се смени. Керкез ќе биде третиран како член на првиот тим и ќе се подготвува за следната сезона да се бори со Тео Ернандес за место на позицијата лев бек.