Калум Хадсон-Одои, 20-годишниот крилен играч за Челзи, одлучи својата репрезентативна кариера да ја продолжи бранејќи ги боите на Гана со цел да избегне потенцијални расистички напади во иднина од страна на англиските навивачи.
Додека Европа ја славеше Италија како нов континентален првак по победата на пенали против Англија во финалето на ЕП, црномурните фудбалери како Рашфорд, Сака и Санчо, кои беа трагичари во пенал-рулетот, беа жртви на расистички напади главно преку социјалните мрежи, па затоа Хадсон-Одои се одлучи за ваков потег.
Иако е роден во Вандсворт, Англија, и има запишано три сениорски настапи за Гордиот Албион, Хадсон-Одои ќе почека до ноември идната година за да добие дозвола да го смени националниот дрес. Условот е да не запише четврти настап за Англија, а притоа да помине три години без повик од репрезентацијата за да може да заигра за африканската земја.
Во текот на летото, Хадсон-Одои бил во Гана и разговарал на оваа тема со претседателот на Федерацијата, Нана Акуфо Адо, па сега се чека ноевмри 2022 година за и официјално Калум да го смени репрезентативниот дрес.