Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 20 години своето учество на Европското првенство од Дивизија Б го заврши на 16-тото место.
Вечерва, во дуелот за 15-тата позиција, нашите таленти беа совладани од Словачка со 52-87. Павле Михајлоски со 20 и Марко Анастасов со 19 поени беа единствените светли точки.
Избраниците на Дарко Радуловиќ на првенството во Матосињос, Португалија, го надиграа само Луксембург, а убедливо губеа од Белгија, Португалија, Словачка (двапати) и Естонија, додека од Унгарија поразот беше „само“ со седум поени разлика.
Ова 16-то место во Дивизија Б значи дека „црвено-жолтите“ се вкупно 32-ри во Европа во оваа возрасна категорија, во која се кошаркари кои треба да почнат да влегуваат во сениорската репрезентација. Лани Македонија беше 12-та во Дивизија Б, па ова е пад за четири места во однос на пласманот во 2018.