Одличниот напаѓач на Салцбург Карим Адејеми беше на мета на многу големи клубови. За него се интересираа Барселона и Баерн Минхен, но најверојатно дека младиот германски репрезентативец ќе го облече дресот на Борусија Дортмунд.
Според еден од најдобро упатените фудбалски новинари во Европа, Фабрицио Романо, 20-годишниот напаѓач е пред договор со Милионерите од Дортмунд.
View this post on Instagram
Постигнат е договор за соработка во следните пет години, а сега останува само да се договори начинот на исплата на трансферот. Адејеми треба да биде замена за Ерлинг Халанд кој многу веројатно дека на крајот од сезонава ќе си замине од жолтиот дрес.
Како дете, Адејеми ја помина школата на Баерн Минхен, но потоа замина две години во Унтерахинг. Од 2018 година е член на Салцбург каде покажа дека е голем талент и затоа доби шанса да заигра и во сениорскиот состав на германската репрезентација.