Младата ѕвезда на Рома одби да игра на Мундијалот во Катар!

Фудбалерот на Рома, 18-годишниот Кристијан Волпато, кој неодамна стана најмлад играч во клупската историја со гол и асистенција на еден ист меч, одби да игра на Светското првенство во Катар. Можеби еден ден ќе зажали за одлуката, можеби не, времето ќе покаже.

Волпато е роден во Австралија и доби повик од селекторот на Кенгурите за да се најде на листата за Мундијалот во Катар, но Волпато одби и реши да чека да заигра за Италија. Кристијан има три настапи за У-20 селекцијата на Италија и сонува еден ден да заигра и за А тимот.

- Оглас -

Најнови вести