Македонија одигра нерешено 28-28 со Португалија на Светското првенство во ракомет за младинки до 20 години, а нашите испуштија победа која можеше да ги однесе во четвртфиналето. Вака, шансите за четвртфинале се речиси загубени и само теоретски, а во последното коло играме со Црна Гора.
На една и пол минута до крајот семафорот покажуваше 28-26 за нас, Македонија имаше и напад, но Португалките се спасија од пораз, а дури и имаа напад за победа, но на пет секунди до крајот имаа неуспешен цепелин и направија престап.
Сара Стефаноска со 9 гола беше најефикасна во македонскиот тим, Борјана Коцева даде 5.