Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вчера го пушти во употреба новиот дом на младинско-пионерската школа „Кирил Симоновски – Џина“. Стадионот е во населбата Аеродром веднаш до салата „Јане Сандански“.
Многу познати фудбалски имиња, деца од школата на Вардар, како и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, присуствуваа на отворањето на реновираниот стадион.
„Ова е само почеток на враќањето на стариот сјај на школата, која ја красеше пред неколку години, кога Вардар дефинитивно имаше најдобара младинска Академија во Македонија, која речиси и да беше шампион во секоја возрасна генерација. Сведоци сме на успеси кои продолжуваат и понатаму и кои само ќе растат во наредниов период“, е пораката од Црвено-црните.