Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година, попладнево на тренинг центарот на ФФМ ќе го одигра деветтиот натпревар од квалификациите за младинското Европско првенство. Противник на нашите млади фудбалери е селекцијата на Молдавија, против која немаме добри сеќавања, бидејќи на првиот меч во Кишињев изненадувачки нѐ победија со 2-1.
Македонија и на тој меч беше фаворит, како што е и денес, а квотата за наша победа во Sport Life е 1.47. Изненадување на Молдавија и победа во Скопје има квота од 6.25, додека ремито „тежи“ 4.05.
Ние во септемврискиот прозорец загубивме од Холандија со 5-0, а потоа го совладавме Гибралтар на гости со 0-2, па евентуален успех против Молдавија ќе значи две врзани победи во официјални натпревари за селекцијата до 21 година првпат после 2020-тата година и победите над Казахстан и Фарските острови.