Интер продолжува со одличната серија во Серија А, забележувајќи ја седмата победа во последните осум натпревари и цврсто држи врвот на табелата. Нераѕурите вечерва на „Џузепе Меаца“ го совладаа Лече со минимални 1-0, зголемувајќи ја предноста пред градскиот ривал Милан на шест бодови, иако Росонерите имаат одигран натпревар повеќе.
Единствениот гол на средбата беше постигнат во 78-та минута, кога младата надеж Франческо Еспозито ја затресе мрежата на Лече.
Сега притисокот е врз Милан и Наполи, кои заостануваат шест бодови зад лидерот.

