Младиот кошаркар влезе во Гинис како највисок тинејџер во светот (Видео)

Оливие Риу има само 15 години и тренира кошарка, а најголем негов адут е висината. Риу веќе има 226 сантиметри, а тоа му беше доволно да влезе во Гинисовата книга за рекорди како највисок тинејџер во светот.

Роден со седум и пол килограми, а неговиот раст бил интензивен. Во петто одделение бил висок 150 сантиметри, а сега веќе достигна висина од 226 сантиметри.

Уште кога имал пет години, Оливие започнал да тренира кошарка, и тоа во Реал Мадрид, а потоа се преселил, па сега е дел од ИМГ Академијата на Флорида. Негов најголем сон е еден ден да заигра во НБА-лигата.

Многумина предвидуваат дека Риу може да го стигне и највисокиот човек во светот, Турчинот Султан Косен, кој е висок 2,51 метри.

- Оглас -

Најнови вести