Младиот Велшанец направи нешто што во претходните 100 години не му успеало на ниту еден снукер играч

Младиот Велшанец Џексон Пејџ успеа да стане првиот играч во историјата на снукерот кој успеал да направи два максимални брејка во еден меч. Многу светски снукер ѕвезди во текот на целата кариера може да не направат ниту еден максимален брејк (освојување на 147 поени), а младиот Велшанец тоа го направи двапати, и тоа во еден натпревар.

Во дуелот против Ален Тејлор, Велшанецот немаше никакви проблеми и на крајот славеше со 10:2. Ова беше меч од второто квалификациско коло на најголемиот снукер турнир, Светското пренство.

За направените два брејка со по 147 поени, Пејџ доби финансиски бонус од 147.000 фунти. Тоа што го направи Пејџ не е видено никогаш претходно од 1927 година, кога започнува одржувањето на професионалните снукер турнири.

- Оглас -

Најнови вести