Младите македонски ракометари со тесен пораз од Норвешка го почнаа Светското првенство

Ракометната селекција на Македонија за играчи до 19 години, загуби од Норвешка со 25-27 во првото коло на Светското првенство кое се игра во Хрватска.

Избраниците на Раде Стојановиќ дадоа силен отпор, но на крајот сепак Норвежаните беа тие што ги освоија бодовите и направија чекор напред кон првото место во групата кое носи четвртфинале.

Нашите момци не водеа во ниту еден момент, а во финишот двапати дојдоа на негатива од само еден гол разлика.

Најефикасен во македонскиот тим беше Мирче Калајџиески со 7 голови, никој друг не даде повеќе од три, а кај Норвежаните се истакна Олсет со 9 погодоци од 9 шута.

- Оглас -

Најнови вести