Младите сили ја извлекоа Старата дама – Јувентус го има првиот стрелец роден по 2001 година, голот му е велемајсторски (Видео)

Младите сили на Старата дама, Николо Фаџоли и Самјуел Илинг го извлекоа фаворитот против Лече и не дозволија нов неуспех на најтрофејниот италијански клуб.

Фаџоли погоди за победа во 73. минута што му е прв гол во кариерата во Серија А, а стана и првиот стрелец за Јувентус роден во 2001 година, или потоа.

https://twitter.com/chiccochiesa/status/1586410679464083456?s=20&t=_HYLVlJSyqBN5DHhl2rRcg

Фаџоли влезе во игра во 46. минута, а интересно е што за голот за три бода му асистираше 19-годишниот Самјуел Илинг и тоа само 41 секунда откако влезе во игра.

Со три победи по ред во Калчото, Јувентус стаса на делба на петтата позиција со 22 бода, колку што има и Рома, но Волчицата има одиграно меч помалку.

Лече со 8 бода е на 17. место, прво над зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести