Младите со победа го честитаа денот на независноста на Македонија, сега на ред се сениорите

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година победнички се враќа од гостувањето кај Фарски острови по мечот од квалификациите за пласман на Европско првенство. Нашите надежи славеа со 2:1 и по шест одиграни меча сега се на второто место на табелата со 10 бода, веднаш зад лидерот Шпанија со 16 бодови.

Капитенот Милан Ристовски го најави триумфот на Македонија, погодувајќи во 16-тата минута. Голгетерот на Ријека одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и биеше во мрежата покрај немоќниот голман на домаќините. Погодокот на Ристовски може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Македонија продолжи да напаѓа, а аа офанзива беше крунисана со погодок во 80 минута. Кристијан Ацковски кој влезе во игра во 74 минута, успеа да погоди шест минути подоцна за водство од 2:0.

До крајот на мечот, Фарските острови успеаа да постигнат почесен погодок за конечни 1:2 и радост на македонските Рисови.

 

- Оглас -

Најнови вести