Sвездите на МЛС-лигата славеа над мексиканските ѕвезди со 3-1 во олстар-мечот во Остин, а иако требаше да настапат и Меси и Алба, тоа не се случи. Според правилата на МЛС-лигата, доколку играч не настапи на Ол-стар мечот, се соочува со суспензија, сепак, во случајот со Лионел Меси тоа можеби нема да се случи.
Двајцата требаше да бидат стартери, но од Интер Мајами го известиле организаторот дека нивните фудбалери нема да настапат без да навлегуваат во причините. Според правилата, играчите може да не настапат, но само ако се повредени или од други оправдани причини.
Од МЛС-лигата за медиумите велат дека внимателно ќе ги разгледаат следните чекори, а тоа во јавноста се толкува дека Меси и Алба ќе се спасат од казна.