Во спортот се видени најразлични ситуации, но тоа што се случи на еден ММА дуел е неверојатно. За време на борбата меѓу Луција Дробенка Котларова и Реџина Лабајова, се случи вистински раритетен момент.
Котларова тргна кон противничката во обид да ја нападне, но наместо тоа, крупната фајтерка се сопна и падна директно со лицето во кафезот и сама себе се нокаутираше.
https://twitter.com/i/status/1776741253763178562
Борбата веднаш беше прекината затоа што Котларова не можеше да стане, па Лабајова беше прогласена за победничка.