Се врати фудбалот во Валенсија по тешките мигови и големиот број жртви што донесоа поплавите. На „Месталја“ денеска гостуваше Бетис, а тимот на Столе Димитриевски славеше со 4-2.
No words ❤️🩹 pic.twitter.com/X3QVpmV08y
— Valencia CF (@valenciacf_en) November 23, 2024
Македонскиот репрезентативец беше на клупата за резерви, а херој на домашниот тим беше Хуго Дуро кој постигна два гола за Валенсија. Во листата на стрелците се запишаа и Сезар Тарега и Диего Лопез.
Хуго Дуро си постигна и автогол, а вториот гол за Бетис беше дело на Чими Авила.