22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Многу мечеви мораа да бидат прекинати на ОП на Австралија

Утрово во Мелбурн започна првото коло на првиот овогодишен Гренд слем тениски турнир, Отвореното првенство на Австралија, а организаторот мораше да се справува со неочекувани проблеми и прекини на многу мечеви. Иако во Австралија во изминативе два месеци беснееја голем број пожари, а поради тоа беше загаден и воздухот, натпреварите мораа да бидат прекинати поради дожд. Ако до пред неколку дена во земјата се молеа да заврне дожд за да помогне во гаснењето на пожарите, овојпат тој направи проблеми.

Првите мечеви на 108-мото издание на Отворнеото првенство на Австралија беа изиграни кога заврна дожд, па 10-тина мечеви беа прекинати. Од оние средби кои досега се завршени, Роџер Федерер експресно со 6:3, 6:2, 6:2 го победи Стефан Јохансон. Изненадувањето на денот е елиминацијата на 13-тиот носител Денис Шаповалов, кој загуби со 3:1 во сетови од Мартон Фучсович од Унгарија со 3:6, 7:6, 1:6, 6:7. Во второто коло помина и Нишикори по победата на Џере од Србија со 6:4, 3:6, 6:2, 7:6, а Квери го елиминираше Чориќ со 6:3, 6:4, 6:4. Бугаринот Димитров го победи Лондеро од Аргентина со 6:4, 2:6, 0:6, 4:6.

 

- Оглас -

Најнови вести