Денешните пет натпревари од Првата македонска фудбалска лига кои се играат од 13 часот, носат голема неизвесност, што може да се види и според квотите во Sport Life.
Освен Брегалница која во Штип е фаворит против велешки Борец во соседското дерби, на другите мечеви е голема изедначеноста и предизвик е да се погодат победниците.
Пелистер кој 14 кола не знае за победа, го пречекува Скопје, тим кој има порази по ред и не би било ако направат хет-трик и тоа против „фенерџијата“ на табелата.
Струга Трим Љум е во добар ритам, но има пеколно тешко гостување кај лидерот Шкупи кој сезомава дома ги доби сите досегашни мечеви. Чаирчани ќе останат на врвот и после ова коло, но не се комотни, Академија Пандев е на само еден бод зад нив. Шкупи сезонава (во август) еднаш загуби од Струга.
Работнички гостува кај Тиквеш, во меч на кој ништо не се знае однапред, и исто како на дуелот со Битола, вистински предизвик е да се погоди конечниот исход.
Неизвесно се очекува да биде и во Ѓорче Петров, каде Македонија ја пречекува Шкендија. Лавовите се во налет, но традицијата е против нив, 13 години немаат победа против Шкендија која истотака игра добро во последно време.