Објавена е новата АТП ранг-листа на најдобри тенисери на светот, а дојде до промена на врвот и на уште неколку места во Топ 10.
Сега нов светски рекет број 1 е Јаник Синер, кој го надмина Карлос Алкарас, па Шпанецот падна на втора позиција со 250 поени помалку од Италијанецот.
На третото место остана Александер Зверев, четврти и понатаму е Тејлор Фриц, а петти Новак Ѓоковиќ. Од шестото до десеттото место има промени. Шести е Бен Шелтон, кој напредуваше за една позиција, а пад од шестото на седмтоо место имаше Алекс де Минор.
Феликс Оже-Алијасим скокна од десеттото на осмото место, оставајќи ги зад себе Лоренцо Музети и Каспер Руд, кои минатиот понеделник беа пред него.
Од Македонците, најдобро рангиран е Калин Ивановски на 828-мото место.
Кај дамите, истите 10 останаа на првите десет места. Прва е Сабаленка, пред Швјонтек, Гоф, Анисимова и Пегула. Лина Ѓорческа имаше пад за четири места и сега е 205-та на светот.

