Мо Салах се откажал од платата само да го напушти „Енфилд роуд“?!

Мохамед Салах по девет години ќе го напушти Ливерпул и ќе означи крај на една ера на „Енфилд роуд“. Од клубот потврдија дека договорот ќе биде прекинат налето и египетскиот репрезентативец ќе го напушти актуелниот шампион на Англија.

Триесет и тригодишниот офанзивец имаше активен договор со важност до летото 2027 година, односно уште една сезона, но британските медиуми пренесуваат дека раскинот е на барање на самиот фудбалер.

Според нив, Салах се откажал од платата за последната година само за да си замине од Ливерпул, а тоа значи дека ќе остане без големата плата која ја имаше. Египетскиот интернационалец се откажал од неверојатни 24 милиони евра само за да го напушти „Енфилд“. Звучи неверојатно, но евентуален трансфер во Саудиска Арабија би му донел и многу поголема заработка од оваа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести