-0.2 C
Skopje
петок, 2 јануари 2026

Модриќ: Да не бев фудбалер, ќе работев како келнер!

Фудбалерот на Милан, 40-годишниот Хрват Лука Модриќ, во новогодишно интервју за „Кориере дела Сера“ изјави дека Росонерите имаат шанса да го освојат Скудетото, а откри и што ќе правел доколку не успеел во светот на фудбалот.

Модриќ се здоби со слава благодарение на своите настапи за Реал Мадрид, со кој освои бројни трофеи, а во 2018 беше прогласен и за најдобар фудбалер на светот.

„Ми се допаѓа нормалноста. Сакам нормално семејство, нормален живот, мали нешта. Не се чувствувам посебен. Во целиот мој живот никогаш не сум помислил дека сум над некој друг. Да не бев фудбалер, ќе сакав да бидам келнер. Бев добар во тоа, ја обожував таа работа. Студирав хотелски менаџмент во угостителско училиште. Во мојата прва година, бевме на пракса во ресторанот „Марина“ во Задар, каде што се одржуваа свадбени приеми. Послужував пијалоци, а на хрватските свадби има многу пиење. Единственото нешто што не ми се допадна беше миењето садови“, раскажа Модриќ. 

 

- Оглас -

Најнови вести