Модриќ и на 37 години е незадржлив: Ова беше еден од најлудите мечеви во кариерата

Хрватска со 4:2 ја победи Холандија, и тоа на гостински терен обезбедувајќи место во финалето на Лигата на нациите, каде што ќе го чека подобриот од денешниот дуел меѓу Шпанија и Италија.

Коцкестите губеа со 1:0, потоа имаа предност од 2:1, па примија гол во 96-тата минута за 2:2 и мораше да има продолженија. Во дополнителните 30 минути Хрватска постигна два гола и на крајот стигна до победа од 4:2.

Предводник на теренот кај Хрватска беше капитенот Лука Модриќ. Врз него беше направен пеналот по кој Хрватска израмни на 1:1, а потоа и самиот даде гол од белата точка за 4:2. По завршување на ова драматично финале, Модриќ беше прогласен за МВП на овој „луд“ меч.

„Едноставно, го сакам фудбалот. Тој е мојата сила. Во првите 15-20 минути можеби не почнавме добро, но како што течеше мечот, ние бевме сè подобри. Заслужено победивме. Можеби можевме да ги избегнеме и продолженијата, но тоа е. Овој меч дефинитивно влегува во групата на најлудите. За неутралните гледачи ова беше фантастичен меч со многу шанси и голови. Досега направивме половина од работата. Во недела треба да ја завршиме работата“, рече Модриќ, со што само потенцира дека Хрватска ќе оди на освојување на златниот медал во ова натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести