Модриќ има понуди од соништата, но веќе има одлучено каде ќе ја продолжи кариерата?!

Лука Модриќ по Светското клупско првенство ќе го напушти Реал Мадрид, а на неговата адреса има многу понуди. Секако, најбогати се оние од Саудиска Арабија, од каде што интерес има од Ал-Наср и Ал-Етифак, а се шпекулира дека му нудат годишна плата од 100 милиони евра.

Интерес има и од неколку екипи од МЛС-лигата, како и од Бразил, но за Хрватот парите не играат голема улога. Според шпанските медиуми, Модриќ и неговото семејство веќе имаат одлучено дека најдобрата опција за нив е САД, па по клупскиот Мундијал најверојатно ќе останат на северноамериканскиот континент.

Се чини дека Интер Мајами е најблиску до неговиот потпис, па наредната сезона може да гледаме спектакуларен состав во којшто ќе бидат Лионел Меси, Лука Модриќ, Луис Суарес…

Свој удел во одлуката да го избере САД веројатно има и фактот дека оваа земја ќе биде еден од домаќините на Светското првенство во 2026, на кое Модриќ планира да игра со Хрватска и да ја заврши и репрезентативната кариера на голем настан.

- Оглас -

Најнови вести