Модриќ ја доби Златната топка на „Франс фудбал“

Лука Модриќ ја доби и втората престижна награда годинава, вечерва е добитник на Златната топка што ја доделува „Франс фудбал“, по таа на ФИФА.

Главен конкурент на Модриќ, според предвидувањата, требаше да му биде Килијан Мбапе, но тој заврши на четвртото место, откако претходно беше прогласен за најдобар млад играч на светот.

Модриќ доби 753 поени, пред Кристијано Роналдо со 478 поени и Антоан Гриезман со 414 поени.

Наградата за најдобра фудбалерка на планетата ѝ припадна на Норвежанката Ада Хегерберг.

Изненадување на вечерта е петтото место на Лионел Меси, еден од најдобрите играчи на денешницата, а се очекуваше тој да биде многу подобропласиран.

Модриќ е првиот играч по Кака во 2007 година што ја разби доминацијата на дуото Меси-Роналдо, кои редовно ја добиваат Златната топка на „Франс фудбал“.

 

- Оглас -

Најнови вести