10.8 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Модриќ: Милан е најголем клуб во Италија

Хрватската фудбалска легенда, 40-годишниот Лука Модриќ, рече дека ужива играјќи за Милан и живеејќи во Милано.

Освојувачот на Златната топка за 2018 година летоска како слободен играч дојде во Милан и редовно е стартер.

„Се чувствувам добро и физички и ментално, би сакал да продолжам вака, забавно ми е, работите одат како што посакував. Гледано од страна, никој не може да сфати колку е тешка Серија А, лигата е силна и компетитивна. Не сум изненаден, знаев што ме чека. Од дете гледам италијанска лига, многу Хрвати играа и играат тука, имав информации. Среќен сум што играм за клубот кој за мене е најголем во Италија. Тренерот Алегри е одличен, голем победник, ме изненади со неговиот карактер, има неверојатно знаење да креира добра атмосфера во тимот“, рече Модриќ, кој од дете бил фан на Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести