Лука Модриќ, фудбалерот на Реал Мадрид, при добивањето на признанието Златно стапало за најдобар играч постар од 29 години, во Монте Карло откри дека сака да игра во италијанската Серија А пред да ја заврши кариерата.
„Ми се допаѓа Италија. Ја следам Серија А, таму играат многу мои соиграчи од националниот тим. Италијанците се фантастични луѓе. Менталитетот на Италијанците е сличен на хрватскиот. Ми се допаѓа таа земја, ќе видиме дали еден ден ќе заиграм во Серија А”, рече Модриќ.
Лука додаде дека во моментов е играч на Реал и затоа не може премногу да зборува за италијанската лига, како и дека иднината му е врзана со мадридскиот клуб. Договорот на Модриќ со Реал е до јуни 2020 година и големи се шасите тој да си замине како слободен играч.