Хрватите низ иглени уши се протнаа во осминафиналето на Светското првенство во Катар, а вечерва околу 22 часот ќе дознаат против кого ќе играат во осминафиналето. Има големи шанси тоа да биде силната Шпанија, но Лука Модриќ и Коцкестите најавуваат дека не се плашат од никого.
„Мислам дека заслуживме осминафинале според играта на последните два меча. Имаше опасни моменти во кои преживувавме, игравме против страшна екипа како Белгија. Можевме порано да го решиме мечот, но добро. Сите живееме за ова и ни се врати. Покажавме дека можеме да играме против секого, кој и да ни биде противник во осминафиналето, нема да му биде лесно“, вели Модриќ.