Откако стана независна земја пред нешто повеќе од 30 години, Хрватска веднаш се профилираше во фудбалска сила. Во изминативе нешто повеќе од три децении, Хрватска стана редовен учесник на големите натпреварувања. Коцкестите во овие 30птина години пропуштија само едно Европско и едно Светско првенство.
Сега, Хрватска петти пат по ред ќе бидат дел од Мундијалите и петти пат под водство на Лука Модриќ. Токму капитенот Модриќ зборуваше за тоа колку голем успех е фактот дека успеаа да обезбедат директен пласман на завршницата на планетарниот собир.
„Среќен сум и горд на се тоа што го имам направено со репрезентацијата. Бројките зад мене се неверојатни. Мислам дека пласманот на Светско првенство е огромна работа, која треба да ја искористиме. Понекогаш забораваме колку голема работа е да се биде дел од најдобрите и пласманот го земаме здраво за готово. Меѓутоа, тоа е се само не е нормално“, рече Модриќ, кој се подготвува за настап на своето петто Светско првенство.

