Реал Мадрид со неверојатен пресврт од 0-2 дојде до победа од 5-2 против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите. Хрватскиот интернационалец, Лука Модриќ, вели дека ова е нивното омилено натпреварување, а тука секогаш мора да се игра офанзивен фудбал.
„Во првото полувреме бевме многу лоши. Им дозволивме да играат едноставно. Бевме далеку од нив и не бевме агресивни. Пред почетокот на второто полувреме разговаравме. Се договоривме да бидеме поагресивни и да излеземе повисокот на теренот, за да дадеме гол и да ги разбудиме навивачите. Оваа екипа мора секогаш да игра офанзивно, бидејќи тука имаме големо концентрација на квалитетот. Лигата на шампионите за нас е омиленото натпреварување, а тука секогаш мора да играш офанзивно.“ – рече Модриќ после победата на Реал Мадрид.
Хрватот доби прашање и за неговата иднина на „Сантијаго Бернабе“, со оглед на тоа дека договорот му истекува на крајот од оваа сезона.
„Екипата е најважна. Не знам што да ви кажам. Се чувствувам добро физички и психички, а кога е така знам што можам да ѝ дадам на екипата.“ – вели Модриќ.