Модриќ првпат по пет години гледаше натпревар од клупата за резерви

Реал Мадрид рутински и без проблеми го совлада Ваљадолид со 6-0. Лука Модриќ на овој натпревар остана на клупата за резерви, што и не е чудно со оглед на густиот распоред и годините во кои се наоѓа фудбалерот. Сепак, и кога беше на клупата за резерви, Модриќ добиваше шанса да влезе во игра. Овојпат Карло Анчелоти се одлучи да го остави Хрватот на клупата за резерви, но реално и немаше потреба да влезе во игра.

Ваквата одлука на Анчелоти покрена низа шпекулации дали со ова му испраќа порака на Лука Модриќ незадоволен од тоа што тој одигра 90 минути на последниот натпревар против Турција во дресот на репрезентацијата.

Лука Модриќ последен пат не влезе во игра во 2018 против Шахтар во Лигата на шампионите. Оттогаш, па сè до вчера осум пати беше на клупата за резерви и секогаш добиваше шанса за настап.

- Оглас -

Најнови вести