16.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Модриќ: „Се надевам дека луѓето нема повеќе да ме потсетуваат на моите години“

Лука Модриќ (40), чиј деби гол за Росонерите му донесе победа на Милан од 1-0 над Болоња, го пофали Алексис Салемакерс за асистенцијата која ја имаше при погодокот.

„Беше одличен начин да се прослави роденденот. Се надевам дека луѓето повеќе нема да ме потсетуваат на моите години! Победивме, и тоа е најважно. Салемакерс ми даде одлично додавање и лесно беше да постигнам гол. Поважно беше неговото додавање отколку мојот шут. Целиот тим се бореше добро и сигурен сум дека од натпревар во натпревар ќе стануваме посигурни и кога повредените ќе се вратат и кога подобро ќе се запознаеме, ќе станеме подобри“, рече Модриќ.

Само петмина фудбалери во историјата на Серија А дале гол по 40-тиот роденден, а Модриќ е единствениот меѓу нив кој е играч од средниот ред.

 

- Оглас -

Најнови вести