32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Модриќ се врати повреден во Мадрид, но има и добри вести за Реал

Лука Модриќ има полесна мускулна повреда и ќе мора да паузира 8 до 10 дена, што значи дека ќе пропушти два до три меча за Реал Мадрид. Но, добрата вест за Кралскиот клуб е што Лука ќе може да игра на Ел Класико на 16 октомври.

Модриќ сигурно нема да игра на 2 октомври против Осасуна, на 5 октомври против Шахтар и на 8 октомври против Хетафе. Се очекува да добие одредена минутажа на 11-ти, на вториот дуел против Шахтар во Лигата на шампионите, и спремен да влезе во мечот со Барселона на 16-ти октомври во Мадрид.

Денеска на тренинзите со екипата на Реал се приклучи и капитенот Карим Бензема, што е големо олеснување за тренерот Карло Анчелоти. Реал победуваше и додека Бензема беше во аут, но присуството на најдобриот играч е голем плус.

- Оглас -

Најнови вести