Модриќ треба да прифати два услови за да остане на „Сантијаго Бернабе“ и следната сезона

Договорот на Лука Модриќ и Реал Мадрид истекува на крајот од тековнава сезона и се уште не е позната судбината на хрватскиот репрезентативец. Веќе се шпекулира со заинтересираност на клубови од Саудиска Арабија и Сад, додека Динамо Загреб и јавно го повика Модриќ да се врати во својот матичен клуб.

Новинарот на шпанскиот весник „Марка“, Карлос Карпио, вели дека Реал Мадрид има два услови кои Модриќ треба да ги прифати за да остане на „Сантијаго Бернабе“. Хрватот треба да се откаже од дел од платата и да прифати да биде резерва.

„Се сомневам дека ќе остане во Реал, но ако тоа се случи, тогаш тоа ќе биде за помала плата. Модриќ не ги прифати баш најдобро некои од одлуките на Анчелоти, а тоа е да биде замена. Легендите никогаш не се послушни како замени.“ – вели Карпио.

Лука Модриќ моментално заработува околу 20 милиони евра по сезона. Хрватот оваа сезона забележа 40 настапи, на кои постигна два гола и имаше шест асистенции. Во 2012-тата година пристигна од Тотенхем за 35 милиони евра и во дресот на Реал Мадрид освои 23 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести