Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација, потроши 5.000 евра за да купи статуа мравка. Со ваквиот потег, Модриќ се приклучи на помодарството поврзано со уметничките дела на една лондонска компанија.
Модриќ е вториот играч на Реал Мадрид што купи ваква бронзена статуа откако тоа пред него го направи капитенот Серхио Рамос. Лондонската компанија досега произвела околу 1.000 вакви статуи на мравки, кои ги продава на имотните луѓе. Секоја таква мравка чини 5.000 евра.