Динамо Загреб со победата од 3-1 над Трнава на „Максимир“ го забележа 12-тиот бод во групната фаза во ЛЕ, што воедно значи и пласман во нокаут-рундата за хрватскиот првак. „Модрите“ славеа уште во соблекувалната, „волим те Динамо“ ечеше од сите страни.
Во прославата за европското презимување, секако, учествуваше и нашиот репрезентативец и капитенот на Динамо, Аријан Адеми.
До крајот на групната фаза, Динамо треба да одигра уште два меча, од кои им недостасува само еден бод за да го осигурат првото место и да чекаат полесен противник во следната рунда, а ќе треба да гостуваат кај Фенербахче, додека во последното коло на свој терен играат против Андерлехт.
Група Д – Динамо 12 бода, Фенербахче 7, Трнава 3, Андерлехт 1.