Мојс искрен: Најдобро време да се игра против Арсенал беше пред три години!

Вест хем сезонава не ги прикажува резултатите кои се очекуваа од Чеканите, паузата поради Светското првенство добро им дојде, но првиот меч од продолжението на Премиер лигата им е пеколен, треба да му гостуваат на лидерот Арсенал.

Топчиите на 14 меча имаат 12 победи, а Вест хем е 16-ти со скромни 14 бода од 15 меча. Покрај тоа, Вест хем губеше на секое од последните седум гостувања на „Емирејтс“, а неизвесно е дали ќе играат Мајкл Антонио и Џанлука Скамака, додека сигурно нема да настапи Мароканецот Најеф Агерд.

„Мислам дека најдобро време да се игра со Арсенал беше пред три години. Откако Микел Артета дојде, направи одлична работа“, вели Мојс.

- Оглас -

Најнови вести