Евертон загуби на гостувањето кај Челзи со 2:0, во меч на кој домаќините уште во првото полувреме погодија два пати и ги решија сите дилеми околу тоа кој тим ќе ги освои трите бода.
Со оваа победа Челзи скокна на четвртото место на табелата со 28 бодови, додека Евертон, иако загуби, не е многу далеку и со 24 бодови е на осмата позиција. По мечот, тренерот на Евертон, искусниот Дејвид Мојс објасни која е разликата меѓу неговиот тим и тој на Челзи.
„Која е разликата меѓу двата тима? Па тоа е милијарда фунти“, низ насмевка искоментира Мојс, кој не е далеку од вистината. Според Трансфермаркт, вредноста на фудбалерите на Евертон е 400 милиони евра, додека играчите на Челзи имаат вреднос од 1,18 милијарди евра.
Во летниот преоден рок, пред почетокот на оваа сезона, Челзи потроши 339 милиони евра за нови играчи. Во исто време, заработија 332 милиони евра од продажба на фудбалери. Од друга страна, Евертон потроши 130 милиони евра за нови играчи, додека од продажба на фудбалери заработи само 12,6 милиони евра.

