Елиф Елмас не ја виде својата асистенција до Виктор Осимен за победа на Наполи против Торино со 1:0, а нешто слично се случи и на дуелот меѓу Јувентус и Рома, кој е во тек и почна во 20.45 часот.
Мојзе Кен беше стрелец на водечкиот гол за Јувентус во 16-тата минута „ни крив, ни должен“, а воопшто и не виде дека е стрелец на погодок.
По центаршутот на Де Шилјо, Бентанкур беше највисок во гужвата во шеснаесетникот на Рома и со удар со глава го погоди Кен во глава, па топката заврши во мрежата на гостите.
Многу среќа имаше Старата дама, но, сепак, води со 1:0 по половина час игра, со голот на Кин што можете да го погледнете ОВДЕ.
Слично денеска беше и во Неапол, а се работи за асистенцијата на Елиф Елмас во 81-вата минута, кога нашиот репрезентативец се сврти со грб и топката го погоди и среќно стигна до стрелецот Виктор Осимен.
Со тој погодок, Наполи го победи Торино со 1:0 и остана на врвот на табелата во Серија А со 8 победи на 8 меча.