Со најчудната асистенција во кариерата Елмас ја продолжи брилијантната серија на Наполи (Видео)

Елиф Елмас ја има најчудната асистенција во кариерата и една од најинтересните сезонава, откако топката го погоди во грб и стаса до Виктор Осимен, кој погоди во 81. минута за победа на Наполи од 1:0 против Торино.

Елиф влезе во игра во 71. минута и имаше многу среќа за да помогне да продолжи брилијантната серија од 8 победи на Наполи во првите 8 кола во Калчото.

Голот на Осимен и асистенцијата на Елмас можете да ги погледнете ОВДЕ.

Претходно италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње промаши пенал во 27. минута, откако слабо шутираше од белата точка. Голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ лесно да му го одбрани пеналот, а токму на местото на Инсиње во 71. минута во игра влезе Елмас.

Наполи е прв на табелета со максимални 24 бода, а Торино падна на 12-та позиција со 8 бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести