Моќен е Вардар, Фленсбург нека е среќен што загуби со пет гола разлика

Како за тим што не беше во натпреварувачки погон цел месец, победата на Вардар против Фленсбург со убедливи 31:26 делува импресивно. Црвено-црните го запишаа првиот триумф во новата сезона од Лигата на шампионите против екипата која во претходните три меча оствари максимален учинок.

Фленсбург и во своето трето гостување во „Јане Сандански“ претрпе пораз, празните трибини не беа во нивна полза.

Составот на Стевче Алушовски по добиеното прво полувреме со 17:15, продолжи во исто темпо, иако гостите израмнија при 19:19. Една серија од 3-0 на домаќините беше доволна за повторно да се преземе резултатската контрола, па Вардар успеа да запише убедлив триумф.

Стојанче Стоилов со 8 погодоци беше најефикасен, а воедно капитенот на Вардар го постигна најубавиот погодок на мечот. Јоханесен со 6 гола беше светла точка во тимот на Фленсбург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести