Вардар на 30 минути од прва победа во ЛШ за оваа сезона

Вардар одлично му парира на фаворизираниот Фленсбург и води со 17:15 по првите 30 минути во мечот од четвртото коло во Лигата на шампионите. Со оглед на тоа дека екипата на Алушовски цел еден месец немаше играно официјален натпревар, сè уште актуелниот европски шампион покажува дека има сили да го одбрани домашниот терен.

По почетните 2-0 во корист на Фленсбург, проработе нападот на Црвено-црните со двата гола на Дибиров, па од четвртата минута ја презедоа контролата врз резултатот. Вардар на двапати имаше предност од три гола, Стоилов со два погодоци во последните четири минути пред паузата ја одржуваше највисоката предност од +4, која сепак се намали на два гола водство.

Изданието на Вардарци во празната сала „Јане Сандански“ е добра најава за второто полувреме во кое македонскиот гигант ќе има прилика да ја запише првата победа во меѓународното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести