Столе Димитриевски има моќен камбек на голот на Рајо Валјекано и на два меча по ред, не прими гол и двапати неговиот тим победува со ист резултат од 2:0.
Вечерва нашиот репрезентативец за првпат во Новата година бранеше за Рајо Валјекано во првенствен меч од шпанската Сегунда и успеа да ја сочува мрежата, а клубот од Мадрид забележа вредна победа од 2:0 на гостински терен против Мирандес.
Претходно Димитриевски бранеше и против прволигашот Елче во саботата, во меч од Копа дел Реј, а и тогаш не дозволи да му се тресе мрежата, па Рајо се пласира во осминафиналето на Шпанскиот куп.
Првиот голман на шпанскиот второлигаш паузираше на четири меча поради исклучувањето на дуелот со Леганес на почетокот на декември.