Моќна кореографија направија најверните навивачи на Вардар, популарните Комити. На Западната трибина се појавија пароли на 15-тина светски јаазици на кои пишуваше „Ви благодариме“.
Тоа беа пораки на јазиците на земјите кои дадоа најголема помош кога се случи трагедијата во Кочани минатиот месец.
Веднаш по истакувањето на паролите, се појави и кореографијата на која пишуваше едноставно „КОЧАНИ“.