Моќно издание на Алкалоид и во Италија: Победа над Бриксен со 12 гола разлика

Ракометарите на Алкалоид со голема победа од 44-32 се враќаат од гостувањето кај Бриксен во осминафиналето од Европскиот куп. Скопските „фармацевтите“ веќе може да размислуваат за европското четвртфинале, со оглед на тоа дека реваншот во сабота во Скопје ќе биде само формалност.

Алкалоид во текот на целиот меч доминираше, а на крајот и убедливо победи. Игор Ѓоргиев со седум гола беше најефикасен во екипата на Кирил Лазаров, додека Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по шест.

Освојуваот на Купот на Македонија од минатата сезона, во Европскиот куп одигра пет натпревари и победи на сите пет, а веќе во сабота на реваншот против италијански Бриксен ќе има шанса и за шестта победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести