Лондонските ривали Вест хем и Челзи играат 1:1 по првото полувреме, а освен двата гола, дуелот го одбележа и еден момент пред да започне средбата. Додека фудбалерите се подготвуваа во „тунелот“, Тијаго Силва сакаше пријателски да се поздрави со дечињата кои носеа дресови на Вест хем.
Кога се обиде да се поздрави со едно од децата, неочекувано, детето му направи „финта“. Тијаго Силва беше изненаден, но сепак брзо успеа да одговори на ова потсмевање.
Со насмевка на лицето Бразилецот во ист стил му врати на детето, а потоа тргна и се поздрави со него, покажувајќи дека воопшто не се лути.