Момчето што си ја запали раката на Род Лејвер купот го најавил упадот на терен со видео на Твитер (Видео)

Каи има 20 години и денеска со сериозен инцидент на Род Лејвер купот, кога си ја запали раката на централниот тениски терен во „О2 арена“ во Лондон дојде во фокусот на светската јавност.

Тој успеа да ги мине сите безбедносни прстени на организаторите на тенискиот спектакл на кој играат најголемите тениски асови на денешницата и да предизвика сериозен инцидент.

Си ја запали раката близу до мрежата на тенискиот терен на дуелот меѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман и на ден на кој Роџер Федерер од 21.45 часот ќе го игра последниот меч во кариерата.

Каи го најавил упадот на терен во „О2 арена“ во Лондон и тоа со видеоматеријал што го објавил на Твитер, а вели дека причината е големото загадување што го прават приватните летови од и за Велика Британија со барање тие да се укинат.

Откако успеа да дојде до централниот терен, Каи запали оган и целата ситуација за време на мечот меѓу Циципас и Шварцман изгледаше многу сериозно.

Обезбедувањето реагираше задоцнето и го однесе од терен 20-годишниот бунтовник.

Ова се случуваше вечерва, а на истото место и терен од 21.45 часот Роџер Федерер ќе го игра последниот меч во кариерата.

Во игра на двојки со Рафаел Надал, Швајцарецот ќе се обиде со победа против американскиот тандем Сок и Тиафо триумфално да замине во тениска пензија.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести