Голем инцидент на купот на кој Федерер ја завршува кариерата – Човек си ја запали раката на терен, Циципас и Шварцман „киднаа“ од страв (Видео)

Сериозен пропуст на организаторите и инцидент на „Лејвер купот“ во Лондон се случи на мечот меѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман, а на тенискиот терен влета млад човек и си ја запали раката.

Обезбедувањето потвфрли, па дури и букна оган близу до мрежата, за среќа без сериозни последици за човекот што дотрча на теренод трибините.

На маицата имаше порака: Сопрете ги комерцијалните летови за Велика Британија.

Јасно е дека станува збор за политички активист, кој на чуден начин успеа да ги измами сите прстени на обезбедување и да предизвика сериозен инцидент во Лондон.

Вечерва од 21.30 часот Роџер Федерер ќе го игра последниот меч во кариерата во игра на двојки со Рафаел Надал, а противници во Лондон ќе им бидат Американците Сок и Тиафо.

- Оглас -

Најнови вести