Моментот кога Халанд полуде и тргна да се тепа со играч на Тотенхем (видео)

Манчестер сити и Тотенхем одиграа 3:3 во дербито на колото во Премиер лигата, а по последниот свиреж на судијата Сајмон Хупер, во центарот на вниманието беше гневниот Ерлинг Халанд.

По мечот, Халанд ги предводеше играчите на Сити, кои му беа лути на судијата Хупер бидејќи прекина една нивна акција за гол, иако претходно даде предност. Халанд му приговараше на судијата, а потоа влезе во конфликт и со играчот на Тотенхем, Џовани Ло Селсо.

Ло Селсо се судри со Халанд кога Норвежанецот излегуваше од теренот и притоа нешто му приговори, што го налути фудбалерот на Сити. Халанд тргна да се пресмета со Ло Селсо, но беше запрен од тренерите на Тотенхем кои се испречија пред двајцата фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести