Интер дочека да ја прослави 19-тата титула во Серија А пред неколку илјадници навивачи кои во живо на „Џузепе Меаца“ прво ја проследија убедливата победа над Удинезе, а потоа и шампионската забава на која се доделуваа медалите и самото Скудето.
Вредеше да се чека една деценија за гигантот од Милано повторно да се најде на врвот на фудбалска Италија. Тимот на Антонио Конте издоминира оваа сезона и сосема заслужено е шампион, а првпат од 2012 година нечие друго име освен на Јувентус е изгравирано на пехарот.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1396484609391484931